Наградите на Daily Front Row синоќа по 5-ти пат беа доделени во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес.
На манифестацијата присуствуваа бројни ѕвезди и дел од атрактивните ангели на Victoria’s Secret.
Роузи Хантингтон-Вајтли
Роузи Хантингтон-Вајтли се појави во впечатлива црвена креација од модната куќа Оскар де ла Рента. Ова модно парче, таа го искомбинира со црни панталони и сандали од Џими Чу.
Кендис Сванапул
Кендис Сванапул својот стајлинг му го довери на Џулиен Мекдоналд.
Шанел Иман
Шанел Иман зрачеше со ноншалантна елеганција во жолт фустан од Џулиен Мекдоналд.
Џасмин Сандерс
Џасмин Сандерс изгледаше заводливо во црвен фустан со шлиц и длабоко деколте.
Кејт Хадсон
На свеченоста, Кејт Хадсон во блескав црвен фустан од Оскар де ла Рента ја прими наградата Претприемач на годината.
Џоан Смолс
Џоан Смолс изгледаше атрактивно во златно-црна креација.
Стела Максвел
Адријана Лима
Адријана Лима го истакна својот сексапил во кадифена креација со шлиц.
Лејди Гага
Лејди Гага носеше црно-бел фустан од Rodarte, а беше придружувана од нејзиниот фризер.
Кара Сантана
На црвениот тепих, Кара Сантана зачекори во нежна розова креација.