Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на црвениот тепих на Billboard Music Awards

ФОТО: Модата на црвениот тепих на Billboard Music Awards

Доделувањето на музичките награди на Billboard донесе голема возбуда на сцената, но ѕвездите на црвениот тепих повеќе разочараа отколку што воодушевија. Сепак, некои од нив успеаја да добијат позитивни коментари од модните критичари.

Ријана ги изненади своите обожаватели со бел костум на Max Azria и кошула со остро V деколте. Таа одлично го комплетира својот изглед со обувки на Christian Louboutin и накит на Neil Lane.

Девојката на Џастин Бибер, Селена Гомез, покажа малку попровокативен изглед во долга црна тоалета на Dolce & Gabbana со отсечоци на половината. Благодарение на високиот шлиц, се ѕиркаа нејзините црвени сандали на Giuseppe Zanotti.

РијанаРијана Селена ГомезСелена Гомез

Бијонсе избра не особено впечатливо мало црно фустанче на Lanvin, но затоа пак избра блескави чевли од Christian Louboutin.

Ферги, доследна на својот стил, се појави во футуристичка креација од линијата Herve Leger by Max Azria, а ја искомбинира со гламурозна чантичка на Alexander McQueen и екстра високи обувки од Christian Louboutin.

БијонсеБијонсе ФергиФерги

Кели Роланд максимално ги истакна своите облини со супер тесен фустан на Herve Leger во впечатлива циклама боја.

Мери Џеј Блајџ ја покажа својата „дива“ страна со долга тоалета на Marc Bouwer со леопардски принт.

Кели РоланКели Ролан Мери Џеј БлајџМери Џеј Блајџ

Ke$ha се обиде да постигне поженствен изглед со помош на интересна тоалета на Jad Ghanour, а Ники Минаж не ја пропушти ниту оваа можност да ги покаже облините со кои се гордее и се појави во тесна креација на Mark Fast.

Ke$haKe$ha Ники МинажНики Минаж

Како и секогаш, Тејлор Свифт блесна во гламурозна тоалета, овој пат од Elie Saab. Кајли Миног за свеченоста избра фантастичен краток црн фустан на Alexander McQueen и црни обувки на Christian Louboutin.

Тејлор СвифтТејлор Свифт Кајли МиногКајли Миног

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.