Заврши ИФФК „Браќа Манаки“. Со свечено доделување на главните награди и прикажување на филмот „Манаки - приказна во слики“, кој ја претставува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, беше означен крајот на јубилејното 40-то издание на најстариот филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.
На црвениот тепих во Битола, на последниот ден од Фестивалот, зачекорија бројни љубители на подвижната слика.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска, директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, кинематограферот Рајнер Клаусман, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело Јоргос Арванитис, членови на ДФРМ, актерот Мето Јовановски, Коста Петров... Погледнете како изгледаа гостите на вечерашната свеченост: