Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на Critics’ Choice Awards 2013

ФОТО: Модата на Critics’ Choice Awards 2013

Еден ден откако јавноста одлучи во чии раце ќе завршат трофеите на People’s Choice Awards, на ред дојде гласот на експертите. Синоќа се одржа доделувањето на Critics’ Choice Awards во Санта Моника, Калифорнија.

Бен Афлек беше големиот победник на вечерта. Помалку од 24 часа откако дозна дека не доби номинација за Оскар во категоријата Најдобар режисер, Бен беше прогласен за Најдобар режисер на Critics’ Choice Awards за филмот „Argo“.

„Благодарам многу. Би сакал да ѝ се заблагодарам на Академијата... се шегувам, се шегувам! Оваа награда е важната!“ – изјавил тој по примањето на статуетката.

Argo“ ја доби и наградата за Најдобар филм. Даниел Деј-Луис беше прогласен за Најдобар актер за улогата во „Lincoln“, а Џесика Частејн доби награда за Најдобра актерка за филмот „Zero Dark Thirty“.

„Skyfall“ беше прогласен за Најдобар акционен филм, Даниел Крег за Најдобар актер во акционен филм, додека Џенифер Лоренс ја доби наградата за Најдобра актерка во акционен филм за улогата во „The Hunger Games“.

Наградата Најдобра комедија ја доби филмот „Silver Linings Playbook“, а Бредли Купер и Џенифер Лоренс за учеството во истиот филм ги добија наградите за Најдобар актер и актерка во комедија.

На Адел ѝ беше доделена наградата за Најдобра песна за „Skyfall“.

Погледнете фотографии од црвениот тепих и оценете го изгледот на славните на свечениот настан.

Ен ХетавејЕн Хетавеј

Ева ЛонгоријаЕва Лонгорија

Нина ДобревНина Добрев

Џесика ЧастејнЏесика Частејн

Џејми КингЏејми Кинг

Аманда СејфридАманда Сејфрид

Марион КотијарМарион Котијар

Џенифер ЛоренсЏенифер Лоренс

Лесли МанЛесли Ман

Ејми АдамсЕјми Адамс

Ел ФенингЕл Фенинг

Октавија СпенсерОктавија Спенсер

Хелен ХантХелен Хант

Емили БлантЕмили Блант

Еми РосумЕми Росум

Наоми ВотсНаоми Вотс

Бен АфлекБен Афлек

Метју МеконахиМетју Меконахи

Иjан СомерхалдерИjан Сомерхалдер

Бредли КуперБредли Купер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.