Брендот La Koradior ја покани Миранда Кер да биде специјална гостинка на ревијата која се одржа во рамките на Миланската недела на модата. 33-годишната манекенка блесна во две впечатливи креации на модниот настан.
Пред да го проследи модното шоу од првиот ред, славната Австралијка во елегантен фустан зачекори на пистата. Креацијата која ја претстави на ревијата е дел од колекцијата пролет/лето 2017 на познатиот бренд. Блескав накит го комплетираше изгледот на славниот модел.
Втората креација, во која Кер пристигна на настанот, беше бордо фустан кој го разголуваше нејзиното деколте.