Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Миранда Кер на модната писта по само 7 недели од породувањето

ФОТО: Миранда Кер на модната писта по само 7 недели од породувањето

Wow! Не изминаа ни два месеци од нејзиното породување, а Миранда Кер се врати на модната писта.

Без да има ниту еден килограм вишок, 27-годишната манекенка зачекори на ревијата на Баленсијага, а нејзиниот сопруг Орландо Блум ѝ ја искажа својата поддршка од првиот ред во публиката.

Миранда КерМиранда Кер на Париската модна недела

Седејќи до уредничката на американскиот Вог, Ана Винтор, Орландо гордо ја гледаше мајката на неговото прво дете.

Орландо Блум и Ана ВинторОрландо Блум и Ана Винтор

Миранда, Орландо, малиот Флин и мајката на Орландо долетале во Париз вчера и веднаш се појавија гласини дека супермоделот ќе го има својот прв настап по породувањето.

Миранда Кер Миранда Кер

Најверојатно Кер решила да не пропушти ниту една ревија на Баленсијага. Во септември таа продефилира на шоуто на овој бренд иако беше во 5-тиот месец од бременоста.

Миранда КерМиранда Кер во 5-тиот месец од бременоста на ревијата на Баленсијага во септември, 2010

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.