Миранда Кер е секси невеста во најновата фотосесија за Victoria's Secret.
Синоокиот ангел на познатиот бренд за долна облека покажува колку секси може да биде првата брачна ноќ со помош на бела и ментол долна облека од свила и чипка.
Кер е особено активна во модниот свет. Освен што има цврста соработка со VS, таа е и новото заштитно лице на Mango, а и редовно е гостинка во модните списанија од целиот свет.
Моментално се наоѓа во родната Австралија каде што ја промовира својата козметичка линија Kora.