Миранда Кер е згодна сурферка во новата кампања на „Bonds“. 33-годишната манекенка го разголи своето тело во костими за капење и позираше со машки модели на плажа во Малибу.
„Миранда е добар пример за австралиска девојка која води здрав и активен начин на живот. Чест ни е што соработуваме со неа повторно“ – велат од брендот.
Колекцијата, која популарниот поранешен модел на Victoria’s Secret ја презентира на рекламните фотографии, ќе биде пуштена во продажба на 5 септември.