Меган Маркл продолжува да ги извршува своите кралски должности на официјалната посета на Јужноафриканската Република.
38-годишната Војвотка од Сасекс денес го посети Универзитетот во Јоханесбург.
За оваа пригода, сопругата на принцот Хари избра модерен бежов фустан од брендот Banana Republic, кој чини 107 евра. Својот стајлинг, Меган го комплетира со салонки во соодветна нијанса.
Слична креација Меган носеше кога заедно со Хари го претставија нивното синче пред светот. Таа се породи пред околу пет месеци.