Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Луксузна колекција обувки со злато и дијаманти од Loriblu

ФОТО: Луксузна колекција обувки со злато и дијаманти од Loriblu

Италијанската модна куќа за луксузни обувки Loriblu создаде лимитирана колекција скапоцени сандали од злато, дијаманти, рубини и кристали, наменети за префинетите клиенти.

Дел од ексклузивната колекција се два најекстравагантни модела изработени од змиска кожа и украсени со ремче накитено со дијаманти и рубини. Позитивната страна на обувките е што ремчето може да се извади и да се носи како накит на раката. Најлуксузните виолетови и златни модели чинат по 30.000 евра.

Loriblu Loriblu

Поевтините модели се изработени со сваровски кристали и чинат над 2.500 евра. Сите обувки се продаваат заедно со црн кожен куфер декориран со кристали.

Loriblu
Loriblu Loriblu

Богатите „Пепелашки“ кои ќе имаат можност да си купат по еден пар треба многу да внимаваат да не ги изгубат овие елегантни сандали.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.