Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кралицата Максима елегантна во три креации за посетата на Грција

ФОТО: Кралицата Максима елегантна во три креации за посетата на Грција

Кралицата Максима и кралот Вилем-Александер се во неколкудневна официјална посета на Грција.

51-годишната кралица на Холандија за време на престојот во Атина промени неколку елегантни креации во кои зрачеше со женственост и префинетост.

Заедно со претседателката на Грција, Екатерини Сакеларопулу, и нејзиниот сопруг Павлос, кралскиот пар проследи танцова изведба во концертната сала „Megaron Mousikis“.

За оваа пригода, Максима избра долга тоалета во циклама нијанса од брендот Claes Iversen.

Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима

Претходно, шарматната кралица блесна во елегантен фустан со наметка од истата модна куќа, кој го надополни со цветно венче на главата.

Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима

Максима го посети и Акрополис. Таа освои многу комплименти со префинетиот стајлинг со балетанки. Двобојниот фустан е дело на грчкиот бренд Zeus + Dione.

Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.