Ким Кардашијан и Кание Вест не ги пропуштаат ревиите на Balmain и се многу блиски пријатели со креативниот директор Оливие Рустан, па прашање на време беше кога славниот пар ќе добие своја улога во модната приказна на познатиот бренд.
Ким и Кание се лицата од кампањата пролет/лето 2015 за машката колекција на француската модна куќа.
„За кампањата за машката колекција сакав да уловам момент на љубов. Ким и Кание се стилски икони и мои пријатели. Чест е што ги имам во оваа кампања на Balmain. Заедно тие претставуваат љубов, убавина и разноликост. Ова е повеќе од кампања, изразува нешто повеќе од облека. Ова е прославување на љубовта и пријателството“ – се вели во соопштението за јавноста на Оливие.
Фотографиите се дело на врвниот фотограф Марио Соренти.