Кендис Сванапул одржува цврста соработка со „Max Factor“. Атрактивната Јужноафриканка е занесна убавица во новата кампања на познатиот козметички бренд.
Камила Акранс го фотографираше 27-годишниот ангел на Victoria’s Secret. За шминката се погрижила влијателната мејкап артистка Пет Мекграт.
Претходно таа беше трансформирана во Мерилин Монро за потребите на брендот.
Сванапул неодамна објави дека ќе стане мајка. Таа и бразилскиот модел Херман Николи го очекуваат своето прво дете.