Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кендис Сванапул за „Elle“ UK

ФОТО: Кендис Сванапул за „Elle“ UK

Британското издание на „Elle“ си постави за цел да покаже зошто Кендис Сванапул е еден од најплатените модели. 25-годишната убавица од Јужна Африка позираше пред објективот на Каи Зи Фенг во креации од Прада, Луј Витон, Стела Мекартни, Дрис ван Нотен и Баленсијага.

Кендис, која оваа година ќе го носи милионскиот градник на Victoria’s Secret, во интервјуто за списанието признала дека ѝ било особено тешко да работи како млад модел во Европа, затоа што била далеку од дома.

Синооката манекенка е „откриена“ на 15-годишна возраст. Од фарма во Јужна Африка се пресели во Милано од каде го освои светот. Денес поседува два имоти во Њујорк, постојано патува низ целиот свет и соработува со некои од најголемите имиња во модната индустрија, но сè уште ѝ е тешко да свикне на новиот стил на живот. „Лудо е. Никогаш не си ни замислував дека ќе стигнам дотука“ – изјавила таа.

Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20824 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.