Кендис Сванапул е рекламно лице на есенската колекција на таинствениот дизајнер Том Форд. На секоја фотографија 22-годишната манекенка изгледа секси и гламурозно, но и непрепознатливо.
Силната шминка скоро целосно ги сокри препознатливите црти на лицето на ангелот на Victoria’s Secret.
„Многу сум возбудена! Мојата кампања за Том Форд излезе!!!“ – напиша Кендис на Twitter.
Фотографиите покажуваат силни драматични бои, контраст и гламурозен сјај, исто како и самата колекција.
Колекцијата есен/зима на 49-годишниот дизајнер беше објавена за јавноста кон средината на јуни.