Кендис Сванапул се разголи за две познати списанија.
26-годишниот ангел на „Victoria’s Secret“ позираше за новото издание на „My Town“, додека зад објективот стоеше фотографот Санте Д’Орацио.
Стилскиот избор за фотосесијата бил ставен во рацете на Инге Фонтејн.
Атрактивната манекенка, која неодамна се вери со својот долгогодишен партнер, се разголи и за септемвриското издание на списанието „Lui“. За провокативната фотосесија биле ангажирани Луиџи и Јанго.