Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кели Озборн во улогата на „Материјална девојка“

ФОТО: Кели Озборн во улогата на „Материјална девојка“

Кели Озборн и официјално ја замени Тејлор Момсен во рекламната кампања за колекцијата на Мадона и нејзината ќерка Лурдес, „Material Girl“.

„Кели ја претставува вистинската Материјална Девојка. Таа е кул и има уникатен вкус за стил којшто јас и Лола го сакаме“ – изјавила Мадона.

Кели Озборн Кели Озборн

Фотосесијата инспирирана од Њујорк во 80-тите години била направена од фотографката Брук Нипер.

Првите фотографии веќе се објавени, но кампањата ќе биде лансирана во април во повеќе списанија, меѓу кои и Seventeen, Teen Vogue и Cosmopolitan.

Кели Озборн Кели Озборн

Иако 26-годишната ќерка на Ози Озборн не делуваше како најдобриот избор за тинејџерска колекција, треба да признаеме дека изгледа одлично на фотографиите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.