Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Кели Озборн

Диетата и фитнесот на Кели Озборн

Јавноста имаше можност одблиску да ја запознае Кели Озборн преку реалното ТВ шоу „Озборнови“ како буцкасто девојче со вишок килограми. Ќерката на познатиот музичар Ози Озборн во шоуто изјавуваше дека не сака да биде слаба. Сепак, повеќе од очигледно е дека Кели си го промени мислењето и му ја докажа на светот способноста да го симне вишокот килограми на здрав начин.

Кели ОзборнКели пред и по големото слабеење

По неколкугодишни обиди за слабеење на погрешен начин, со брзи диети кои ветуваат чуда, Кели се задржа на најефикасното решение за долготрајно ослободување од непосакуваните 30 килограми – правилна исхрана и редовна физичка активност.

Диетата на Кели

Започнете да појадувате, пијте вода наместо газирани пијалаци и секогаш ужинајте и навечер.

Трите главни совети од Кели

Правилната исхрана која подразбира умерени порции и здрава храна е клучен елемент во стратегијата за слабеење на Кели. „Порано јадев чипс, колачиња и пиев газирани сокови цел ден. Морав да започнам да правам подобар избор“ – вели таа и напоменува дека ги избегнува диеталните производи бидејќи не ја заситуваат.

Мени за еден ден

Појадок: Житарки со суво грозје и млеко со ниска масленост или две белки од јајца со сирење со низок процент на масти.

Ручек: Салата со пилешко приготвено на скара.

Вечера: Бургер со мисиркино месо и зеленчуци готвени на пареа.

Кели во секојдневната исхрана вклучува и три мали ужини кои се состојат од исечкана краставица или кисели краставички или јаболко или мала количина салата од спанаќ.

Совети од Кели:

  • Јадете на секои 2-3 часа.
  • Не пазарувајте намирници кога сте гладни.
  • Не прескокнувајте оброци.
  • Пијте 6-8 чаши вода дневно.
  • Не ги ограничувате премногу калориите затоа што ќе вежбате, а храната ќе ви ја даде потребната енергија.

Како и секој нормален човек, таа признава дека понекогаш „мами“, а најчесто не може да ѝ одолее на пицата. Но, со тој проблем се справува така што калоричниот оброк го консумира претпладне и во остатокот од денот избира поздрави и полесни оброци. „Ако сакам пица, ја јадам за појадок, салата за ручек и овесна каша за вечера“ – вели таа.

Два интересни трика

Правилото „8 секунди“

Кога Кели посакува чоколадо или друга нездрава храна, таа брои до 8. По изминувањето на осмата секунда, веќе не ѝ е тешко да му одолее на искушението.

Трик со гумено ластиче

Карла Ландблејд, клинички терапевт на Кели, препорачува трик со носење на гумено ластиче на зглобот на раката. Тоа може да биде мало кујнско незабележливо ластиче или дебел модерен ластик во боја. Секогаш кога силно ќе посакате да посегнете по слатки задоволства, затегнете го ластичето и пуштете го. Болката го „тренира“ мозокот и ве одвикнува од лошите навики. Истиот метод можете да го користите за елиминирање на негативните мисли во главата, со цел зголемување на самодовербата.

Фитнесот на Кели

Кели напорно тренира секој ден. „Никогаш не ни помислував дека ќе бидам здрава девојка која се буди наутро за да вежба“ – признава таа.

Секојдневно таа издвојува 30 минути за кардио вежби, што најчесто подразбира трчање на лента, а потоа продолжува со активност во зависност од расположението – вежби со тегови, пилатес или јога.

Кели Озборн

Сепак, нејзина најомилена активност е забавното вртење хулахоп. „Имам Hoopnotica хулахоп. Го користам секој ден и тој ми ги зајакна рацете и грбот, а половината ми се намали за 5cm“ – открила Кели.

Hoopnotica вежби со хулахоп:

Како Кели останува мотивирана?

За себе вели дека секогаш ќе се смета за „поранешна дебела личност“. Поддршката за одржување на витката фигура ја црпи од семејство и блиските пријатели.

На почетокот ѝ било многу тешко да влезе во фитнес салата и да ја зголеми активноста. „Се чувствував мизерно. Да влезеш во салата кога мразиш како изгледаш е навистина тешко. Па, морав да го направам забавно. Започнав да носам слатка облека и да ставам по малку шминка. Колку и тоа да звучи површно, навистина ми помогна да престанам да го мразам својот изглед“ – открила таа.

Исто така Озборн изјавува дека не се споредува со други познати личности, ниту пак ја практикува секојдневната дружба со вагата за мерење килограми.

„Во ред е да поседувате мала, здрава доза на завист, да се угледувате на некого и да си поставувате цели, но мора да сфатите дека никогаш нема да изгледате токму како таа личност... Доколку ви се допаѓа тоа што го гледате во огледалото, тогаш каква е поентата да се качувате на вагата?“ – вели таа.

Кели, која е дел од модното жири во познатото шоу „Fashion Police“ на ТВ каналот E!, е вистинска инспирација за сите девојки и жени кои сакаат да го променат своето тело.

Кели ОзборнКели Озборн на црвениот тепих

Денес таа е дел од експертскиот тим на познатата Холивудска диета и преку практични и корисни совети им помага на жените да се справат со предизвикот наречен губење килограми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.