Ирина Шајк буквално сјаеше на синоќешната МЕТ гала во Њујорк.
Во музејот „Метрополитен“ руската убавица пристигна во блескав фустан комплетно изработен од мрежа со 84.000 сваровски кристали.
Потребни биле 200 часа за шест лица да ги постават сите кристали на креацијата.
Стајлингот на Ирина беше комплетиран со голем чокер од кристали и десетина белегзии на двете раце.