Ирина Шајк повторно го покажа својот сексапил во новата колекција бикини на Beach Bunny. Згодната Русинка позираше на плажите во Рио во бикини од колекцијата Bronze.
Веселите костими за капење се инспирирани од карневалот во Рио и богатата бразилска традиција и култура, па затоа изобилуваат со бои, текстури и впечатливи детали.
27-годишната долгонога убавица доаѓа на местото на Кејт Аптон, која минатата година учествуваше во кампањите на Beach Bunny. Но, ова не е прва соработка на Ирина со модниот бренд. Таа беше заштитно лице на Beach Bunny и пред две години.