Ирина Шајк е новата девојка на Beach Bunny. Атрактивната 27-годишна Русинка ја презентира колекцијата костими за капење пролет/лето 2013.
За рекламната кампањата, Шајк позираше во бикини од линиите Lady Lace, Spring Break и Bronze. Колоритните бикини со нестандардни чипкасти детали на одличен начин го истакнаа привлечниот тен на популарната девојка на Кристијано Роналдо.
Ирина доаѓа на местото на Кејт Аптон, која минатата година учествуваше во кампањите на Beach Bunny. Но, ова не е прва соработка на Ирина со модниот бренд. Таа беше заштитно лице на Beach Bunny и пред две години.