Ирина Шајк добива сè повеќе и повеќе ангажмани. Згодната Русинка овој пат е во фокусот на новата кампања на „Network“.
Кореј Биранд ја фотографираше популарната манекенка додека таа позираше со францускиот фудбалер и модел Саша М’Бај. Атрактивниот пар ги претстави моделите од есенската колекција на турскиот бренд, во која преовладуваат црната и белата боја.