Ирина Шајк сними фотосесија за новото издание на списанието „Sorbet“, инспирирана од Ева. 29-годишната Русинка позираше како од мајка родена, додека околу телото ѝ беше обвиена голема змија.
Фотографијата е инспирирана од портретот на Настасија Кински, кој славниот Ричард Аведон го направи во 1981 година.
На насловната страница на летното издание „The Temptation“, славната манекенка искушува со јаболко во раката. Фотографиите се дело на Али Мадеви.