Ева Мендес значително ја продлабочи својата соработка со New York & Company. Популарната актерка не само што ја збогати главната линија со летни модни предлози, туку и дизајнираше колекција за гостинки на свадбени свечености.
Женствени силуети и цветни принтови доминираат низ колекцијата. Дел од новите комбинации биле инспирирани од стилот на мајката на Ева.
„Отсекогаш ѝ се восхитував на мојата мајка. Во оваа колекција дизајнирав парчиња кои им нудат на жените многу опции додека будат самодоверба, убавина и чувство на гламур“ – вели 41-годишната актерка.