Ева Мендес навлегува во подлабоките дизајнерски води. Популарната актерка ја претстави својата четврта колекција за модниот бренд New York & Company.
Шармантниот спој на примамливи нијанси на лаванда, лимон-жолта и смарагдно-зелена боја со динамични принтови и класични силуети, би ја освоил секоја модерна дама.
Колекцијата била инспирирана од 40-тите, 50-тите и 60-тите години, но се насетува и енергијата на модерниот Њујорк.
„Дефинитивно не сум џинс-девојка. Сакам фустани и здолништа, па гравитирам кон нешта кои се многу женствени. Сметам дека дамите во 50-тите и 60-тите години знаеле точно што прават“ – изјавила 41-годишната холивудска ѕвезда, коментирајќи го својот стил.