Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Шанел – колекција висока мода есен/зима 2011-2012

ФОТО: Шанел – колекција висока мода есен/зима 2011-2012

Карл Лагерфелд повторно ја воодушеви публиката со неговата колекција висока мода есен/зима 2011-2012. Тој го пресоздаде познатиот плоштад „Вендом“, прикажувајќи ја архитектурата со неонски светла и поставувајќи статуа на чиј врв наместо Наполен, се наоѓаше Коко Шанел.

77-годишниот дизајнер ја спои софистицираната елеганција со готик детали, за да создаде неповторливи женски костуми со сукња од поросен твид и волна. Тој го надополни изгледот на манекенките со кожни ракавици со отворени прсти и тенка чипкаста мрежа преку нивните очи.

Ревијата изгледаше како ѕвездите да се истурија од вечерното небо на пистата.

Во модните кругови се шират гласини дека ова можеби е една од последните ревии на Лагерфелд и се шушка дека 2012-та е годината кога прочуениот германски дизајнер ќе се пензионира. Но, ваквите информации засега немаат никаква потврда.

Од првиот ред поддршка на Карл му дадоа Алекса Чанг, Даен Кругер, Мила Јовович и младата Ели Фенинг.

Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода
Шанел висока мода Шанел висока мода

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.