Кели Рорбак, сегашната девојка на Леонардо Дикаприо, сними секси фотосесија за списанието „S Moda“.
25-годишната манекенка и актерка позираше пред објективот на Енрике Џендер. За едиторијалот, свои креации позајмија врвни брендови како Версаче, Александар Ванг и Dsquared2.
Рорбак и Дикаприо пред неколку дена беа фотографирани во Лос Анџелес.