Дауцен Крус ги обедини силите со брендот за долна облека Hunkemöller за да ја создаде својата прва линија спортска облека, која ги носи нејзините иницијали.
31-годишниот модел и поранешен ангел на Victoria’s Secret, го покажа тонираното тело во новата кампања на холандската компанија. Дауцен стана заштитно лице на Hunkemöller во 2016 година, кога започна и да работи на својата линија спортска облека.
„Можноста да дизајнирам спортска колекција е остварување на сон. Обожавам да ги носам парчињата од колекцијата во комбинација со секојдневна облека“ – вели Крус за колекцијата „Doutzen’s Stories“.
Претходно, убавата Холанѓанка беше дел од кампања за долна облека на брендот.