Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Гвен Стефани покажа дека не старее во InStyle

ФОТО: Гвен Стефани покажа дека не старее во InStyle

Времето како да застанало за Гвен Стефани. 42-годишната пејачка изгледа неверојатно убаво на фотографиите од нејзиниот едиторијал за ноемвриското издание на списанието InStyle. Со препознатливата руса коса и крваво црвен кармин, Гвен зрачи со самодоверба и стил.

Гвен Стефани

Во интервјуто за списанието, пејачката која успешно се проби во модната индустрија зборувала за мајчинството, бојата на нејзината коса и шминката.

За мајчинството: „Мајчинството веројатно ми е најголем предизвик од сè што правам. Тимската работа е многу важен дел од бракот и од тоа да си родител.“

Гвен Стефани

За нејзината руса коса: „Мојата коса е Лореал, но не откривам која нијанса и си ги бојадисувам корените исто толку често колку што тоа го правеше Мерилин Монро. Сериозна сум. Го дознав тоа.“

Гвен Стефани

За времето кога станала црвенокоса: „Еднаш бев црвенокоса. Веднаш штом се вративме од првата турнеја со No Doubt мислев дека луѓето ќе ме препознаваат, па се бојадисав црвена. Си ја мразев косата.“

За секојдневното шминкање: „Се шминкам секој ден, дури и кога не одам никаде.“

Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.