Моник Лулие стои зад стотици гламурозни креации, а нејзиниот плакар крие само мал дел од нив. Славната дизајнерка го отвори плакарот за списанието „InStyle“.
„Целиот концепт се врти околу тоа да можам да стојам пред плакарот и да гледам сè одеднаш. Независно дали почнувам од фустан или од обувки и креирам комбинација обратно, тоа ми го олеснува облекувањето и ми заштедува време“ – рекла таа.
Лулие вели дека сивата боја се покажала како одлична основа за нејзиниот плакар, затоа што облеката се истакнува и затоа што смирените сиви нијанси доминираат низ остатокот од нејзиниот дом.