Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Блескав гламур и раскош од Ели Сааб во Париз

ФОТО: Блескав гламур и раскош од Ели Сааб во Париз

Галантниот Ели Сааб приреди раскошен моден спектакл во Париз. Либанскиот дизајнер не ги изневери очекувањата на публиката за мајсторски изработени креации кои го хипнотизираат погледот.

Блескави кристали деликатно трепкаа како ѕвезди на секоја од креациите достојни за дамите со најпрефинет стил. Огромните лустери, кои го разубавуваа просторот резервиран за ревијата, го интензивираа впечатокот дека колекцијата висока мода е создавана со идеја да ги примами жените кои сакаат да изгледаат како модерни кралици.

Елегантната градација на боите кај фустаните со „омбре“ ефект заслужува комплименти, додека прецизно нижениот динамичен микс од бисери, кристали и мониста е вреден за восхит. Модниот бал на Сааб вклучуваше многу волуменозни балски креации, но исто така не беа прескокнати ниту кратки фустани со А-линија, ниту фустани со силуета на сирена.

Луксузните крзнени шалови на привлечен начин ѝ „контрираа“ на шармантната богата текстура на креациите прекриени со сјајни детали. Палетата на Сааб вклучува црна и бела боја, но многу повеќе се застапени неодоливи сиви, сини, бежови, црвени и корални нијанси.

Екстравагантната невестинска креација која го затвори шоуто ќе ве остави без зборови.

Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб
Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб Колекција Ели Сааб

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.