Неколку дена откако беше објавено дека е номинирана за пет награди на MTV VMA, Бијонсе беше фотографирана во Њујорк.
Музичката ѕвезда упатуваше насмевки кон папараците кои го документираа секое нејзино движење. Облечена во цветен тесен фустан од модната куќа Долче и Габана и сандали од Стјуарт Вајцман, 33-годишната пејачка мамеше погледи со своите облини.
По извесно време, Бијонсе беше фотографирана и со својот сопруг Џеј Зи.
Неодамна славната пејачка сподели семејни фотографии од празнично патување по повод денот на независноста на САД.