На огромна радост на многуте обожаватели на Барбара Палвин, Victoria’s Secret ја продолжи соработката со неа. 18-годишната Унгарка, која за секунди може да се претвори од неодоливо слатка девојка во неодолива секси заводничка, позираше во нова колекција долна облека на американскиот бренд.
Софистицираната колекција е составена од модели кои ја зачувуваат привлечната женската невиност, но во исто време се и неверојатно сексапилни. Сигурно ќе се согласите дека фотографиите со Барбара се совршена комбинација на сензуална долна облека и префинет сексапил.