Познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret се фокусира на побогатите клиенти со првата дизајнерска колекција долна облека.
Колекцијата е деликатна, безвременска и гламурозна, а цените се движат од 38 до 298 долари. Некои од градниците беа покажани на шоуто на VS во ноември, но никој не знаеше, бидејќи новата колекција беше чувана во тајност.
Новата колекција ќе им конкурира на попрефинетите брендови кои се насочени кон клиентите со подлабок џеб. Интересот за новите парчиња долна облека е огромен и како што известуваат од компанијата, колекцијата е скоро распродадена.