Бар Рафаели со нетрпение го очекува денот кога ќе стане мајка. За јунското издание на „Elle“ Шпанија, 30-годишниот модел го покажа трудничкото стомаче во фотосесија снимена на плажа.
Убавата Израелка, која е во шестиот месец од бременоста, позираше во летни креации и костими за капење од брендови како Dior, Isabel Marant и Eres и накит од Cartier.
Фотографот Ајал Нево бил задолжен за фотосесијата.
Рафаели и нејзиниот сопруг Aди Езра не го кријат полот на бебето. Тие неодамна споделија дека очекуваат девојче.