Амал Клуни е незапирлива на деловен план. Најновиот проект на славната сопруга на Џорџ Клуни е судска битка против Исламската држава (ISIS).
Додека угледната адвокатка жестоко се бори за правда и добива бројни пофалби за тоа што смело ги обвинува ISIS за геноцид, не остануваат незабележани ни нејзините стилски избори.
Многуте комбинации на Амал се документирани од папараците низ Њујорк. 38-годишната Клуни викендов беше фотографирана во фустан од Мајкл Корс.
За време на состаноците и конференциите во Њујорк, по кој знае кој пат, Амал докажа дека и покрај сериозната работа, таа не се придржува кон монотон стил.
Амал и Џорџ Клуни присуствуваа на Самитот посветен на бегалците кој се одржа во седиштето на Обединетите нации. За настанот, Амал носеше фустан од модната куќа Alexander McQueen.
„Не смееме да изгубиме цела генерација деца само затоа што се родени на погрешно место и во погрешно време“ – изјави Џорџ и објави дека заедно со Амал планираат да им овозможат формално образование на 10.000 деца-бегалци во Либан.