Алесандра Амбросио ја покажа својата фантастична фигура за време на модната недела во Сао Паоло. Прекрасната манекенка докажа дека е подготвена за модните писти иако е во петтиот месец од бременоста.
30-годиниот ангел на Victoria’s Secret дефилираше на ревијата на бразилскиот бренд Colcci.
Амбросио заедно со Ештон Кучер беа рекламни лица за Colcci за сезоната есен/зима 2011. Но, додека Ештон мирно седеше во првиот ред на публиката, Алесандра со својата појава на пистата предизвикуваше извици на воодушевување.
Алесандра и нејзиниот вереник Џејми Мазур го очекуваат своето второ дете. Тие се родители и на 3-годишната Ања Луиз.
Популарната манекенка објави дека е бремена кон крајот на минатата година. Веста за бременоста ја чуваше во тајност и за време на шоуто на Victoria’s Secret. Апсолутно никој не знаел дека бремена ќе зачекори со своите крилjа.