Хелена Кристенсен со право е нарекувана супермодел. На промотивните фотографии за колекцијата долна облека Triumph Essence, 43-годишната убавица воопшто не изгледа како да ја поминала четириесеттата година од својот живот.
Облечена во секси модели долна облека од луксузната колекција наменета само за купувачите на британската верига продавници Selfridges, Кристенсен изгледа дури и подобро од деновите кога беше еден од ангелите на Victoria’s Secret.
„Според мене, неопходно е една колекција за долна облека да има женска перспектива. На крајот на краиштата, жените ги носат овие парчиња и најважно е да се чувствуваат добро. А, овие софистицирани стилови дефинитивно го прават тоа“ – изјавила Хелена.