Ева Лонгорија вчера влезе во клубот на дами над 40 години. Шармантната актерка, која освои многу срца со улогата на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“, неодамна сподели како гледа на својата возраст. „Го сакам стареењето заради мудроста која ја добиваш. Посакувам да го имав овој ум и телото од времето кога имав 20 години“ – рече таа.
Во продолжение следува визуелно потсетување на 40 од највпечатливите стилски моменти на Лонгорија низ годините.