Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 4 трендови кај фармерките

ФОТО: 4 трендови кај фармерките

Луиз Роу, модна стилистка и новинарка и водителка на шоуто „Fashion Star“, сподели кои се трендовите кај фармерките што ќе владеат во топлите пролетни и летни денови.

Трендови кај фармеркитеТрендови кај фармеркитеТрендови кај фармеркитеТрендови кај фармерките

Фармерки во пастелни бои

Романтичните и женствени пастелни бои ги обоија и фармерките. Овие „сладоледни“ фармерки најдобро е да ги комбинирате со лесна летна кошула со впечатлива јака закопчана до последното копче.

Крпеници

Фармерките со „прилепени“ парчиња џинс со друга нијанса се одлични кога целите кон лежерен, но модерен стил.

Ѕвонарки

Фармерките чии ногавици се проширени под колената се вратија во модните трендови. Доловете го стилот од 70-тите, избирајќи ги ѕвонарките за вашите летни авантури.

Цветен принт

Фармерките со цветен принт се „must-have“ за новата сезона. Најдобро е да ги комбинирате со еднобојна маичка или со кошула во боја која веќе ја има на фармерките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.