Изабели Фонтана стекна уште една година животно искуство. Убавата Бразилка го прослави својот 34. роденден.
Атрактивниот модел го направи првиот чекор во модниот свет кога имаше само 13 години и влезе во финалето на изборот за убавина „Elite Model Look“. Оттогаш, таа континуирано нижи успешни соработки со бројни врвни брендови.
По повод роденденот на згодната манекенка, погледнете 34 од нејзините највпечатливи стилски моменти.