Зендаја денес ќе дувне 27 свеќички на роденденската торта.
Музичката и филмска ѕвезда моментално е една од најбараните холивудски актерки и несомнено ќе изгради импресивна филмска кариера.
Минатата година беше избрана за една од 100-те највлијателни луѓе во светот од списанието Time, а покрај Златен глобус, таа е добитничка и на Еми награда за најдобра актерка во тинејџерската серија „Euphoria“.
Убавата филмска ѕвезда двапати го доби ова признание и влезе во историјата како Најмлада двократна добитничка на Еми.
Поради смелите и впечатливи стилски избори, Зендаја неретко е нарекувана „Кралица на црвениот тепих“.
По повод нејзиниот роденден, погледнете 27 од нејзините стилски моменти на холивудските свечености: