Актуелни модни трендови и впечатливи бои и аксесоари доминираат во урбаните стилски комбинации на блогерката Жоана Ваз.
34-годишната Португалка, која за првпат заплива во блогерските води во 2013 година, умешно склопува модни стајлинзи кои многу девојки ќе посакаат да ги копираат.
Жоана се откажала од својата работа во 2016 година и целосно се посвети на блогерството. Денес таа има над 300 илјади следбеници на Instagram.