Почетна » Новости » Мода » Топ 10 машки модели

Топ 10 машки модели

Сакате да знаете кои се најуспешните машки модели на светот? Разгледајте ја жешката галерија.

Габриел ОбриДејвид ГандиЛарс БурмајстерНоа МилсМарк ВандерлуЏон КортахаренаШон О’ПрајСајмон НесманБатист ЏабикониБен Хил

Габриел Обри

Повеќе од една деценија канадскиот манекен Габриел Обри е на врвот на листата на најпосакувани модели од големите дизајнерски имиња. Габриел има ќерка со Хали Бери.

35 години

Дејвид Ганди

Англичанецот Дејвид Ганди е еден од омилените модели на Доменико Долче и Стефано Габана, а популарноста ја стекна со учеството во нивната кампања за парфемот Light Blue.

31 години

Ларс Бурмајстер

Најпопуларната кампања на германскиот манекен е кампањата за парфемот Acqua di Gio на Џорџо Армани, а неколкупати бил и рекламно лице на Хуго Бос.

30 години

Ноа Милс

Ноа ја започнал својата кариера во 2003 година. Постојано учествува во ревиите на Долче и Габана, Версаче и Мајкл Корс, а беше дел и од рекламна кампања на D&G задно со Клаудија Шифер и Наоми Кембел.

26 години

Марк Вандерлу

Еден од оригиналните супермодели од 90-тите години, кој до денес има соработувано скоро со сите големи брендови, како Келвин Клајн, Хуго Бос и Џорџо Армани.

43 години

Џон Кортахарена

На почетокот на својата кариера соработуваше со Версаче, но се прослави со учеството во филмот „A Single Man“ на Том Форд.

26 години

Шон О’Прај

Американецот Шон е едно од новите лица во модната индустрија, но и покрај тоа списокот на моќни брендови кои ја побарале неговата соработка е многу долг. Еден од последните негови ангажмани е за есенската кампања на Версаче.

22 години

Сајмон Несман

Канаѓанецот Сајмон со својот уникатен спој на мажественост и сензуалност ги освои Гап и Живанши, а редовно може да го видите во познатите списанија GQ, Vogue Hommes и W.

21 година

Батист Џабикони

Французинот е едно од омилените лица на Карл Лагерфелд. Тој не само што учествуваше во кампањата на Шанел, туку Карл го турна и во кампањите на Фенди, Dior Homme и брендот Карл Лагерфелд.

21 година

Бен Хил

Американецот Бен Хил брзо се проби во светот на модата и стана љубимец на многу брендови како Џими Чу, Чезаре Пачоти, Луј Витон, H&M, Келвин Клајн и Хуго Бос.

33 години

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.