Тамара Вучиќ привлекуваше погледи на јубилејното 25-то издание од Светосавскиот бал.
Во палатата Хофбург во Виена, првата дама на Србија шармираше во долг фустан со 3Д цветови од високата мода на српскиот дизајнер Стефан Ѓоковиќ. Сопругата на претседателот Александар Вучиќ сподели фотографии на Instagram.
„Големо е задоволството и честа што имав прилика и оваа година да бидам дел од свеченоста во престолнината на баловите. Оваа година, почесни гости беа членовите од Центарот за Даунов синдром од Бања Лука. Светосавскиот бал го организира тим од млади перспективни луѓе кои ја сакаат и чуваат традицијата на својата земја.“ - напиша таа.