Секоја година, кога ќе дојде време за нова недела на високата мода, илјадници модни ентузијасти од светот одлетуваат во Париз.
Врвните модни куќи и дизјанери, меѓу кои Ели Сааб, Зухаир Мурад, Диор, Валентино, Живанши, Зијад Накад, Ралф и Русо и Џорџо Армани, со ревии ги презентираа рачно изработените креации на кои работеа во изминатиот период.
Пред секое модно шоу, улиците во Градот на светлината беа преплавувани од гостите кои одржаа модни лекции со своите стајлинзи.