Во вашиот плакар преовладуваат неутралните нијанси? Блогерка која живее во Виена, а е позната на Instagram како majamarko, ќе ви даде свежа доза инспирација за склопување на нови аутфити.
Модерната девојка комбинира парчиња од пристапни брендови како Zara, Mango и H&M и создава стајлинзи кои обединуваат многу актуелни трендови – војнички чизми, кежуал комплети, крупни плетки, „пепито“ дезен, вештачка кожа итн.
Нејзините фотографии се доказ дека не се неопходни интензивни бои за да се остави силен впечаток.