Сидни Свини беше дел од гостите на забавата на Vanity Fair организирана по повод доделувањето на Оскарите.
26-годишната актерка однесе винтиџ гламур на настанот во Беверли Хилс. Сидни го носеше истиот фустан кој беше избор на Анџелина Џоли за Оскар пред точно 20 години. Креацијата е дело на модниот дизајнер Марк Бауер.
„Од архивите. Носен на Оскарите во 2004 од Анџелина Џоли и сега од убавата Сидни Свини. На 20-годишнината, не можевме да посакаме подобрa преродба“ – напиша Марк.
„Чест ми беше да носам парче историја“ – напиша актерката.
Стајлингот на Свини потсети многумина на изгледот на легендарната Мерилин Монро.