Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3, годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн.
Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni и Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз на модните ревии на светско познати италијански брендови за облека и очила за сонце.
Овогодинешното одбележување во знакот на врвните италијански модни брендови застапени во Македонија, се одвива под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“.