Модната куќа Версаче одамна го прекина презентирањето на колекциите висока мода со ревии и преку фотосесии ги обелоденува специјалните креации кои можат да ги поседуваат само малкумина низ светот.
Колекцијата есен/зима 2019 имаа чест да ја облечат моделите Стела Максвел и Меган Рош.
„Во целост изработена рачно во Милано, новата #AtelierVersace колекција фузира инспирација од Американскиот Запад со Поп-Арт, Фовизам и фотографија која отсликува фантазија“ – пишуваат од брендот.